Skip to main content

Зеленски: Светот не сака да чека на 8-ми мај за прекин на огнот

Профил на платформата Икс на Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека светот не сака да чека до 8-ми мај за најавеното примирје на рускиот претседател Владимир Путин да стапи на сила само неколку дена и повика на прекин на огнот од најмалку 30 дена.

Од некоја причина, сите треба да чекаат до 8 мај и дури тогаш да постигнат примирје за да се обезбеди мир за Путин за време на парадата“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник објави тридневен прекин на огнот во војната со Украина што ќе стапи на сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна над нацистичка Германија и нејзините сојузници, или Големата татковинска војна како што се нарекува во Русија.

Кремљ објави дека 72-часовното примирје ќе трае од почетокот на 8-ми мај до полмоќ меѓу 10-ти и 11-ти мај.

Сите воени дејствија ќе бидат суспендирани во овој период. Русија смета дека и украинската страна треба да го следи овој пример“, се вели во соопштението.

„Во случај украинската страна да го прекрши прекинот на огнот, руските вооружени сили ќе одговорат на соодветен и ефикасен начин“, се посочува во објавата.

Москва уште еднаш ја изјавува својата подготвеност за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза и конструктивна интеракција со меѓународните партнери“, се додава во соопштението.

Киев не реагираше веднаш на еднострано објавеното примирје, второ на Путин за краток временски период, по 30-часовното велигденско примирје кога двете страни се обвинија меѓусебно за негово кршење безброј пати. Украина не издаде официјална изјава со која го профаќа велигденскиот прекин на огнот, туку веднаш обвини дека се сомнева дека руската страна ќе се придржува на примирјето.

Ние ги цениме човечките животи, а не парадите. Примирјето не треба да трае неколку дена само за потоа да се продолжи со убивање“, додаде украинскиот претседател, коментирајќи ја најавата на Путин за ограничен прекин на огнот.

Зеленски повика на „целосен и безусловно примирје од најмалку 30 дена“ за да се обезбеди „основа за вистинска дипломатија“.

Москва на идејата за 30-дневно прекин на огнот редовно одговора дека таквото примирје без конкретен договор само ќе му даде време на Киев да ги прегрупира и своите единици кои од минатата есен се во дефанзивни операции а руската војска бавно но кунтинуирано напредува. Поради тоа, Русија рече дека таквото примирје мора да содржи одредба за забрана за испораки на вооружување во Украина, запирање на мобилизацијата, дислоцирање на единиците и престанок на обуката на украинските единици во странство.

Поврзани вести