Skip to main content

Бројот на жртви во експлозијата во иранското пристаниште Раџаи се искачи на осум, околу 750 повредени

Фото: ЕПА

Бројот на загинати во експлозијата во пристаништето Раџаи на југот на Иран се искачи на осум, објави министерот за внатрешни работи на таа земја, Ескандар Момени.

Тој прецизираше дека приближно 750 лица се повредени, од кои 212 се упатени на амбулантско лекување, а преостанатите се испратени во покраински медицински центри.

Според него, мобилизирани се ресурси од различни провинции, особено од градовите околу Бандар Абас и центарот на земјата.

„Експертски противпожарни екипи од различни провинции и Техеран се испратени на местото на настанот, а таму се и специјални авиони за контрола и гаснење на пожарот, како и за транспорт на повредените“, рече иранскиот министер, додавајќи дека очекува пожарот да биде ставен под контрола во следните неколку часа.

Силна експлозија избувна денеска во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас. Пристаништето главно прима контејнери, но има и резервоари за нафта и други петрохемиски инсталации. 

Поврзани вести