Skip to main content

Нов израелски напад на Газа, десет загинати

mohammed-ibrahim-on-unsplash

Во израелски воздушен напад врз трикатна зграда во Газа се убиени 10 лица, од кои половина се деца.

Три жени и пет деца се меѓу загинатите во воздушните напади рано наутро во населба во западниот дел на градот Газа, соопшти болницата Шифа, која ги прими телата.

Израелската армија соопшти дека нападнала скривалиште на милитанти на Хамас.

Хамас денеска објави дека испратил делегација во Каиро за да се обиде да го обнови примирјето, кое беше нарушено од израелското бомбардирање минатиот месец.

Израел вети дека ќе ја продолжи војната сè додека не бидат вратени сите заложници и додека Хамас не биде уништен или разоружан

Поврзани вести