Skip to main content

Петрушевски: СДС слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во странство, додека нивната се распаѓа на парчиња

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција истакна дека во СДСМ се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, додека нивната се распаѓа на парчиња. 

СДС и Филипче не кажаа ни збор за нивната сестринска партија од Унгарија која освои 1% од гласовите. Предвидуваме дека сличен ќе биде резултатот на СДС на следните избори доколку продолжат вака. 

Но, она што е уште поинтересно и треба Филипче да го одговори Филипче е, дали на средбата на Партиите на европски социјалисти, која деновиве се одржува во Хрватска, Филипче му кажа на својот колега од Унгарија дека цела недела ја слави победата на Маѓар и Тиса како да е портпарол на истата?

Им кажа ли Филипче на неговите сестрински партии дека е очаен, дека нема визија и програма и дека затоа ја слави победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија, додека во Македонија тој има рејтинг рамен на статистичка грешка?

Со ваквите политики и ваквиот однос, во кој поразите се претставуваат како победи, Филипче и СДС тонат се повеќе“, вели Петрушевски.

Поврзани вести