
Околу 70 стручни лица и 8 странски експерти се под истрага за начинот на одобрување на проектите во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Ова во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 го откри директорот Никола Додов.
Меѓу лицата под истрага е и Гунтер Ферлингер, познат во јавноста по барањето санкции од страна на ЕУ за Македонија.
Како што и он, и некои други членови на комитетот, и он е под истрага поради начинот на одобрување на компаниите. Не би ги споменал. Сите се проверуваат, но под сомнеж се околу 70 домашни, и најверојатно 8 странски експерти, вели Додов.
На прашање што правеле, Додов вели дека се договарани и преговарани начините која компанија и што да добие.
Откако сум на чело на фондот неколку пати пробаа членовите да дојдат официјално да се запознаеме, дознав дека биле тука секој втор месец, за сите зборам, некои дури и поредовно доаѓале во Македонија, и биле гости што реално се тоа било на трошок на Фондот, вели Додов.