Skip to main content

Ердоган го забрани планираниот царски рез во приватните клиники

Freepik

Турција ги забрани планираните царски резови во приватните здравствени установи, кои не се медицински оправдани, според новите правила објавени од Министерството за здравство минатата недела, пишува „Туркиш Минут“.

Одлуката, која предизвика остри критики од опозициските политичари и организациите за човекови права, следеше по жестока национална дебата за практиките на породување. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган долго време го промовира она што го нарекува „природно породување“ и ги критикува високите стапки на царски рез во земјата.

Највисока стапка на породувања со царски рез

Турција има највисока стапка на царски рез меѓу 38-те членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), според најновите достапни податоци од 2021 година. Според Прегледот на светската популација, таа година во Турција биле извршени 584 царски рези на 1000 живородени.

Оваа тема доби дополнително внимание минатиот викенд кога играчите на Сиваспор излегоа на теренот пред натпреварот од Суперлигата против Фенербахче носејќи транспарент на Министерството за здравство на кој се промовираше вагинално породување. На транспарентот пишуваше: „Природното породување е природно“.

Кампањата предизвика гнев кај претставниците на опозицијата, здравствените работници и застапниците на правата на жените.

Како земјата да нема други проблеми, машките фудбалери им кажуваат на жените како да раѓаат, напиша Ѓокче Ѓокчен, потпретседателка на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP), на социјалната мрежа „X“.

Поврзани вести