Skip to main content

Обвинителството отвори предмет за токсичниот чад кој се прошири кај Битола

социјални мрежи

По бројните реакции од јавноста и фотографии на социјалните мрежи што покажуваат голем облак прашина околу РЕК Битола, тамошното Обвинителство оформи предмет за испитување на начинот на депонирање на пепелта. Се проверува дали одлагањето се врши согласно еколошката дозвола, рударскиот проект и прописите за заштита на животната средина.

ОЈО Битола издаде наредба до СВР Битола за увид на лице место и утврдување факти за евентуално постоење на кривично дело кое се гони по службена должност. Државниот инспекторат за заштита на животната средина изврши вонреден инспекциски надзор, при што веќе беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина на одлагалиштето за пепел, соопштија од ОЈО Битола.

РЕК Битола доби рок од 30 дена за соодветно одложување и затрупување на пепелта. Над половина од неа веќе е отстранета, а до крајот на април треба да се завршат и мерењата на амбиенталниот воздух. Инспекцискиот извештај ќе биде доставен до Обвинителството кое ќе одлучи за натамошните чекори.

Поврзани вести