Skip to main content
Нема сила посилна од мајчинската љубов

Мајка бивол влезе во борба со крдо лавови за да го спаси своето младенче

На социјалните мрежи се прошири видео од Кенија кое многу брзо стана вирално.

Видеото е снимено во националниот парк Масаи Мара, а на него се гледа како крдо лавови опкружиле младенче бивол. Лавиците една по една го напаѓаат малото биволче, но мајката бивол бестрашно се впушта во борба со побројниот противник за да го спаси своето младенче.

Наскоро во нерамноправнаа борба се придружуваат и другите биволи, покажувајќи неверојатна храброст и успеваат да го спасат младенчето.