Skip to main content

Британски ловци полетале два пати за 48 часа за да го бранат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

lincoln-holley-on-unsplash
lincoln-holley-on-unsplash

Борбени авиони на британското воено воздухопловство (РАФ) полетале двапати во последните 48 часа за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски борбени авиони, објавија британските медиуми.

Како што пренесува лондонски „Телеграф“, британските „тајфуни“ биле ангажирани за два одвоени инциденти оваа недела, откако руски воен авион прелетал премногу блиску до границата на НАТО, предизвикувајќи тревога.

Ова е првпат РАФ да биде повикан да интервенира како дел од операцијата „Чесмен“, новата мисија на НАТО за зајакнување на воздушната одбрана на Европа. 

Поврзани вести