Skip to main content

Мицкоски со честитка до Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква: Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот

До: д-р Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква, свештенството и сите верници

Во овие свети денови на Велигден, кога го славиме Воскресението на нашиот Спасител, упатувам искрени честитки до Вас и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија.

Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот. Вашиот придонес во градењето на морални вредности и хуманост, како и во поддршката на социјално ранливите, е значаен дел од ткивото на нашето општество.

Во време кога многу луѓе се соочуваат со осаменост, сиромаштија и неизвесност, Владата ќе продолжи да поддржува политики кои ги афирмираат вредностите на социјална правда, грижа за сиромашните, заштита на достоинството и слободата на секој поединец. Во тоа, вашата црква е вистински партнер во создавање на општество со сочувство и солидарност.

Нека Воскресението донесе радост, мир и благослов во Вашите срца и домови.

Среќен Велигден!

Со почит, 
Христијан Мицкоски, 
Претседател на Влада на Република Македонија

Поврзани вести