
Натпреварите од плеј-офот имаат поинаква вредност и драматика и често решава една топка. Разигрувањето за титулата започна со уште една „симултанка“ на Никола Јокиќ и победа на неговите Нагетси.
Денвер го победи Лос Анџелес Клиперс со 112-110 во првиот меч од серијата подобар од седум. Иако гостите водеа во првите две четвртини, Нагетси се наметнаа и во драматичен финиш извојуваа победа.
Никола Јокиќ крај своето име запиша 29 поени, 12 асистенции и 10 скока. Го следеше Арон Гордон ао 25 поени, Џамал Мареј постигна 21, а Расел Вестбрук беше автор на 15 поени.
Кај поразените Клиперси блескаше Џејмс Харден, кој постигна 32 поена, а додаде уште 11 асистенции. Ивица Зубац оствари „трипл-дабл“ со 21 поен и 13 скока, а Каваи Ленард додаде 22 поена.