
Тука не станува збор за здрава самодоверба, туку за изразена нарцисоидност, која честопати им застанува на патот кога се работи за пријателските и љубовните врски. Од сите 12 знаци, три особено се издвојуваат како вистински нарциси. Еве кои се тие…
Овен – Јас сум на прво место, па потоа сите останати
Припадниците на овој знак сметаат дека се најдобри во сè – тие се најпаметни, најспособни, најхрабри. Нивната самодоверба ги надминува границите и лесно прераснува во ароганција, што честопати ги прави тешки за соработка и дружење. Овенот е импулсивен, секогаш е во движење и нема трпение да ги сослуша другите, бидејќи премногу е фокусиран на сопствените идеи и успеси.
Љубовта не му е приоритет ако треба да направи компромис или ако ја загрозува неговата позиција на главен актер во врската. Многу овни попрво ќе одберат самотија отколку однос во којшто не се главни. Затоа, неретко имаат тесен круг на пријатели и тешко им е да развијат длабока, искрена поврзаност со другите.
Терезија – Огледалце, огледалце… кој е најубав на светот?
Терезиите се познати по својата љубов кон естетиката, убавината, хармонијата – но и кон самите себе. Нивната нарцисоидност честопати е спакувана во шарм, насмевка и добри манири, па на прв поглед можеби и не се забележува. Но зад тоа пристојно однесување, се крие силна потреба да бидат обожавани, да бидат во центарот на вниманието и постојано да добиваат потврда за сопствената вредност преку комплименти.
Терезијата секогаш знае како да се претстави во најдобро светло, но длабоко во себе, честопати се плаши дека не е доволно посебна – затоа вложува толку во изгледот и во успехот. Иако се одлични соговорници и многу се симпатични, тешко им е да поднесат кога не се предмет на восхит.
Лав – Роден е за да блеска и сака сите да го видат тоа
Лавовите не само што знаат колку вредат, туку и сакаат сите останати да го знаат тоа. Нивната нарцисоидност е отворена, гласна и честопати претерана. Тие не бараат внимание, туку го очекуваат. Лавовите се уверени дека се природни лидери, најубави, најспособни и најважни секаде каде што ќе се појават. Проблемот настанува кога нема да го добијат очекуваното внимание – тогаш може да станат драматични навредени, дури и повредени, иако ретко ќе го покажат тоа.
Во љубовта, лавовите сакаат партнер кој ќе им се воодушевува, но честопати забораваат дека за успешен однос, потребно е и на партнерот да му се даде внимание и поддршка. Нивната доминација и потреба да бидат обожавани лесно може да ја задуши другата страна.