Неверојатниот настап на Никола Јокиќ против Вашингтон можеше да биде уште подобар, но судиите го поништија неговиот најлуд кош.
Србинот постави рекорд во кариерата за поени во еден натпревар и постигна 50 или повеќе поени само по втор пат на еден натпревар. Имаше одлични бројки и во другите статистички рубрики, но му недостигаше поддршката од соиграчите.
Нереалните 56 поени можеа да бидат 58, но судиите го анулираа магичниот кош уште во првата четвртина.
Јокиќ по еден дуел со Јонас Валенсијунас се најде во тешка позиција зад кошот, но тоа овојпат не беше проблем. Тој шутираше од кривина и ја испрати топката преку табла директно во кошот.
Nikola Jokic just made a shot over the backboard. In a game. It didn't count. pic.twitter.com/LmbJ9gWhxA
— Chase Hughes (@chasedcsports) December 8, 2024