
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија објави конкурс за доделување на стипендии за студенти од Македонија кои имаат желба да завршат основни студии или да спроведат истражување во Јапонија.
Како што денес информираа од Јапонската Амбасада, кандидатите треба да ги достават своите документи најдоцна до 16-ти мај.
Кандидатите кои ќе бидат селектирани ќе бидат повикани на тестирање во месец јуни.
За подетални информации во врска со стипендиите, посетете ја веб-страницата на амбасадата: https://www. mk. emb-japan. go. jp/itprtop_en/index. html”.