Skip to main content

Утрински руски напад на Днепар

Најмалку две лица загинаа, а 28 се повредени во вчерашниот масовен напад со руски дронови врз украинскиот град Днепар, објавија украинските медиуми. 

Меѓу повредените има четири деца. Шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергиј Лисак, на апликацијата Телеграм информираше дека две жени починале, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе.

Украинските медиуми јавуваат дека се оштетени најмалку 15 згради. Меѓу нив има студентски домови, образовни институции и претпријатие за храна.

Увидот за штети ќе трае до претпладневните часови, претежно во станбени згради.