
ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 46. издание, кое ќе се одржи во Битола и објавува повик за пријавување филмови. Дајте и можност на својата креативност да заблеска и пријавете го вашиот филм од 17 април до 27 јуни.
Пријавувањето се врши на: https://filmfreeway.com/ManakiBrothers
ИФФК „Браќа Манаки“ ги поканува филмските работници да ни се придружат на ова заедничко филмско патување. 46. издание уште еднаш ќе ја чествува богатата историја на фестивалот, прифаќајќи го духот на современата кинематографија. Во текот на седум дена, присутните можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.
Награди:
– Златна камера 300 за најдобра кинематографија (официјален избор)
– Сребрена камера 300 за кинематографија (официјален избор)
– Бронзена камера 300 за кинематографија (официјален избор)
– Железна камера 300 за најдобра кинематографија (конкурс за документарни филмови)
– Мала камера 300 за најдобра кинематографија (конкурс за кратки филмови)
– Кристална камера 300 за најдобра кинематографија (конкурс за студентски филмови)
Почесни награди:
– Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата
– Специјална Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематска уметност
– Златна камера 300 за креативна синергија
– Голема ѕвезда на македонската кинематографија