
Oхридскиот пливач Марко Пејчиновски (19), кој има некроза на ногата, на 28 август ќе се обиде да го изведе триатлон предизвикот со трчање и возење велосипед по 42 километри и пливање 22 километри. Предизвикот, кој самиот го осмисли, го нарече „Ајронмен триатлон“ или три маратони во еден.
Борејќи се со искушенијата кои животот ни ги носи, непрепознатливо за мене, се изгубив и се оддалечив од Господ. Со тоа одвојување од Бога, како да го видов и почуствував пеколот во мене. Бев уплашен и изгубен. Самодовербата ми беше на најниско ниво и морав да се соочам со проблемите.
Се исповедав,
побарав прошка и разбирање од Бога,
молејќи го да го земе мојот живот под контрола.
Во истиот момент почувствував олеснување, мислите ми се избистрија и можев полесно да дишам. Тогаш знаев, морав да си поставам цел, да направам нешто, со што ќе си помогнам физички и психички. Дополнително ме мотивира фактот, дека за да успеам, ќе треба да се потрудам 100 пати повеќе отколку нормалниот човек.
Сакам да докажам дека сѐ е до умот и дека никој нема да ме спречи во остварувањето на мојата цел. Тоа е мојата порака:
Господ ни дал време, ова е наш живот и наш избор, како ќе го користиме.
Предизвикот е… „IRONMAN TRIATHLON” – три маратони во еден – токму поради тоа што не можам да трчам и скокам, причина која ме спречува да живеам нормален живот во последниве девет години. Тоа е најисцрпувачкиот, најискушителниот и најтешкиот триатлон. Специјално за мене – малку потешко. Од Св. Наум трчање 42,2 км до Струга, па повторно назад до Св. Наум со точак 42,2 км и за крај пливање 22,4 км до Охрид – вкупно 106,8 км
Во видеото, со наведната глава јас барам прошка и помош од Бога. Како што ја чуствувам љубовта негова, ја подигнувам главата и со бистри мисли ја поставувам новата цел. Визуализирам како ќе се одвиваат работите, колку всушност е исцрпувачки целиот предизвик. Низ сите тие искушенија ме пратат гласовите на ангелите, пратени од Бога. Лекциите и зборови на охрабрување ми ја даваат потребната сила за да успеам. Откако завршува таа визуализација се наоѓам на местото на кое често наоѓам мир, вознесен од убавината на мојот град, психички се спремам за тоа што ме чека, кога од небото, го слушам гласот на мајка ми кој говори:
Поентата беше да добиет желба за живот, Можиш да прајш нешто шо некој друг па неможит да го прајт.”
Што всушност е мотивот за новиот предизвик „ Потрага по желба за живот”.
Благодарност до „Перспектива Рекордс“ кои мојата замисла ја претворија во реалност.
Се гледаме на целта