
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и ректорката на Скопскиот универзитет Биљана Ангелова денеска во Ректоратот на УКИМ ќе потпишат меморандум за соработка.
Како што е најавено, со овој меморандум „ќе се воспостават формите за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за активности од заеднички интерес“.