Skip to main content

Во долината на винската среќа: Винодонија ќе понуди запознавање со вината од cеверна Рона, Франција

За долината Рона најчесто велат дека е третиот вински адут на Франција по Бордо и Бургундија, но оние поискусните вински вљубеници всушност мислат дека таа е нејзиниот прв адут. Најчесто во сенка на првите два региони, долината Рона е царство на врвни црвени вина, посебно нејзиниот северен дел, кој што е дом на некои од најскапите вински брендови во светот.

Скопскиот вински салон – Винодонија 2024 ќе органиира специјализирана работилница на која уникатниот тероар на cеверна Рона на оваа презентација ќе биде претставен преку винските бисери на винаријата „Paul Jaboulet Aîné“, којашто од неодамна е присутна на македонскиот вински пазар благодарение на ексклузивната винотека „Grand Cru by Wine.mk“.

Не ја пропуштајте оваа ексклузивна прилика да пропатувате низ прекрасните ридови на cеверна Рона и нејзините познати подрегиони Côte Rôtie, Cornas, Condrieu, Hermitage, Crozes-Hermitage низ кои ќе ве води сомелиерот Александар Миливојевиќ и да пробате 6 врвни вина кои се дел од реномирани светски вински карти, порачуваат организаторите на Винодонија.

Предавач: Александар Миливојевиќ, сомелиер

13. декември 2024, 15:00 ч.

Јотел Мериот во Скопје

Meeting Room D (прв кат)

Картите се во ограничен број и може да ги купите на овој ЛИНК.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort