Skip to main content

Најголемите ѕвезди од Македонија и Бугарија ќе играат меч за Кочани

Горан Пандев и Христо Стоичков ќе ги предводат селекциите на Македонија и Бугарија на хуманитарен натпревар, кој ќе се одигра на 27 април во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице.


Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).


На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, а од помладата генерација Валери Божинов.
Македонската репрезентација ќе биде составена од фудбалери од првата репрезентативна генерација, меѓу кои великаните, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Бошковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорги Христов и Артим Шаќири.
Селектор на македонската репрезентација ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а Димитар Пенев ќе ја предводи Бугарија од клупата

Поврзани вести