Skip to main content
9xd8pB72yMQ

Русинот Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ, го надмина легендарниот Вејн Грецки

Хокеарот на Вашингтон, Александар Овечкин постигна гол на гостувањето кај Њујорк исландерс, со што стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ лигата. За 39-годишниот Русин то е 895. гол во кариерата во 1.487. натпревари во најсилната хокеарска лига во светот.

Овечкин го собори рекордот на Вејн Грецки за голови во регуларниот дел од сезоната (894 гола на 1.487 натпревари). Легендарниот Канаѓанец, кој се смета за најдобар хокеар на сите времиња, беше на врвот на вечната листа на стрелци во НХЛ од 23 март 1994 година, кога го постигна својот 802. гол, надминувајќи го Горди Хау.

Грецки играше за Едмонтон, Лос Анџелес, Сент Луис и Ренџерс и се пензионираше по неговата 20-та сезона во април 1999 година.

Овечкин е во својата 20-та сезона во НХЛ. Русинот го постигна својот прв гол во лигата во неговиот деби натпревар на 5 октомври 2005 година.

На 18 јануари 2020 година, Овечкин го надмина Марио Лемие (690 гола) и се искачи во првите десет стрелци во лигата. На 15 март 2022 година, Русинот се израмни и го престигна Јаромир Јагр (766) во првите 3.

Ноќта петок кон сабота на домашниот натпревар на Вашингтон со Чикаго, Овечкин постигна два гола го израмни рекорд на Грецки, а сега е сам на вечната листа стрелци на најсилната хокеарска лига на светот.