
„Секторот Инспекторат при Општина Карпош упаќа јавен апел до сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. Ваква инспекциска контрола последен пат беше спроведена во 2024 година, и од таа причина се известуваат сопствениците на локали дека се должни, на лице место имаат подготвено фотокопии од следниве документи:
1. Одобрение за вршење дејност
2. Одобрение за поставување урбана опрема
3. Елаборат за поставување на урбана опрема
4. Тековна состојба
5. Имотен лист за деловен објект
6. Елаборат за заштита на животната средина
7. Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место
8. Лична карта на одговорно лице
9. Телефонски број и лице за контакт
10. Службен e-mail
Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз повеќе од 100 локали на територија на Карпош, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог“, велат од Општина Карпош.