Skip to main content

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани, на повредените им посакувам брзо заздравување

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упати писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Македонија. Изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на ранетите им посакувам брзо заздравување – се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Амбасадорот на Република Туркије Н.Е. Фатих Улусој  на 17.03.2025 се потпиша во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани.

Поврзани вести