
Да ги оставиме семејствата да ги испратат своите најблиски. Да ги оставиме нивните солзи да бидат нивни. Лелекот нека остане над вечните почивалишта на оние кои не напуштија во неделата во кобната несреќа во Кочани. Ниту една солза, ниту еден лелек, ниту еден крик нема потреба и не треба да се најде на социјалните мрежи и во медиумите. Тагата во срцата на оние кои ги изгубија своите најмили не е јавен интерес! Да бидеме луѓе!
Република нема да известува од погребот на настраданите во Кочани! Достоинствено нека бидат испратени оние невини души, жртви на системот!