Skip to main content

Дурмиши: Пониски цени на над 650 производи во „Новогодишната кошница“ – општествено одговорна акција на Владата и бизнисот за подобар животен стандард

После повеќе од еден месец консултации со бизнисот денеска ја објавивме „Новогодишната кошничка“ која што ја најавивме за граѓаните за време на новогодишните празници. Оваа “Новогодишна кошница“ е нешто многу поразлично од досегашните мерки кои се носеле со цел заштита на стандардот на граѓаните. Различна е по тоа што наместо ние како Министерство за економија и труд и Влада да носиме одлуки за замрзнување и ограничување на цени и маржи, и други непазарни решенија за да влијаеме на намалување на цените на основните прехранбени производи, во соработка со Стопанските комори со производителите, дистрибутерите и трговците денеска имаме „Новогодишна кошница“ која што произлегува токму од бизнисот“ кажа министерот Бесар Дурмиши на денешната презентација на „Новогодишната кошница„ во Владата со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Оваа иницијатива за “Новогодишната кошница“ беше покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи кои се понудија да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе.Новогодишната потрошувачка кошница е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци која ќе важи еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, во време кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциското намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и козервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалоци (вино и пиво) и др. Групите на производи се сублимираа во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери“ кажа министерот Дурмиши и потенцираше дека производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

“Со цел широка промоција на инцијативата ,,Новогодишна кошница,, за граѓаните да можат да се запознаат со производите кои се понудени во Листата од страна на производителите и дистрибутерите ќе постои посебна веб-страна „mojakosnica.mk,,. Листата на прехранбени производи не е конечна, таа може постојано да се надополнува со нови производи и нови компании пред да започне акцијата на ,,Новогодишна кошница,,, како и за време на траење на акцијата“ кажа министерот и додаде дека ова е една акција која произлегува токму од компаниите кои за време на новогодишните празници ја покажуваат својата општествена одговорност и на граѓаните ќе им понудат пониски производи.

“Со оглед на тоа што ова е акција која што произлегува од компаниите и не е владина одлука, не се предвидени казни, односно контролата дали се намалени цените како што самите производители и дистрибутери понудиле или не ќе ја вршат директно граѓаните. Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите произвди кои се на листата со намалени цени согласно Законот за потрошувачи. Министерството за економија и труд континуирано работи на носење на мерки кои ќе значат помали трошоци на граѓаните и заштита на животниот стандард. Чест и задоволство ми е што за оваа акција имавме голем интерес од страна на голем број на производители и дистрибутери секако со поддршка на трговците. Се надевам дека во наредниот период бројот на производи на листата ќе се зголемува и сите заеднички ќе им излеземе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници и ќе бидеме сите заедно иопштествено одговорни кон граѓаните“ кажа Дурмиши..

Линк од веб страната Моја Кошница https://www.mojakosnica.mk/