Skip to main content

Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во Полска

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево се пренесени во Полска на лекување, информираше Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.„Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата.

Чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа Х објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани. Повеќе од 70 пациенти се префрлени на лекување во странство. 

Поврзани вести