Skip to main content

Фатен камионџијата кој удри пешак и побегна, жената почина на лице место

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Неготино вчера го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, неготинско, соопшти денеска МВР.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото, соопшти МВР.

Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна еки од ОВР Неготино.

Поврзани вести