
Со ова писмо, сакаме да ви се заблагодариме од срце за вашата хуманост и голема поддршка во акцијата за давање крв за децата од градот Кочани. Вашето учество во оваа важна и емотивна акција е знак на солидарност и грижа за најмладите, кои навистина имаат потреба од нашата помош, велат од Фондацијата Единство-град Кочани.

Вашата одлучност да се вклучите и дарувате крв, особено во услови кога најмногу е потребно, е од незаменлива вредност. Овој акт на хуманост ќе им помогне на многу деца да ја продолжат својата борба за живот и да добијат шанса за подобра иднина.
Вие сте пример за тоа како заедно можеме да направиме разлика. Со ваша помош, животите на многу мали срца ќе бидат спасени и ќе имаат шанса за подобра утре. Ви благодариме за вашата пожртвуваност и искрена љубов што ја покажавте преку овој акт.
Фондациjа Единство- град Кочани, Македонија.