Skip to main content

Кошаркарските шампионати на Македонија поместени за една недела

Кошаркарските шампионати на Македонија се ставени во мирување заради седумдневната жалост низ цела територија. Кошаркарската федерација на Македонија го помести календарот за една недела, така да последното коло од регуларниот дел наместо на 23/24 март, ќе се игра на 30/31 март.

Во меѓувреме в среда на 26 март ќе бидат одиграни последните два натпревари од 21. коло, кои не се одиграа во неделата, заради деновите на жалост.

Слични поместувања ќе добијат и натпреварите од женскиот шампионат и пониските и младинските лиги.