
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ „8 Септември“ Скопје.
Во оваа болница се лекуваат дел од повредените од пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
По посетата премиерот ќе даде изјава за медиумите.
Toj вчера пожарот во Кочани ја нарече „масовно убиство“ на некој кој дозволил да се случи.
„Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа. Па сега може да се претпоставите колку клубови работат во државата, и тоа не знаеме кои се валидни, затоа што претпоставуваме дека рокот им е изминат, така што не очекува многу работа, затоа што е очигледно дека никој не си ја вршел работата. И сега се обидува некој под политизација да ја сокрие криминалната работа која ја правел изминатите години. Нема да има милост, кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. Ова е би рекол масовно убиство кое некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција кое дозволувал да се случи“, рече Мицкоски.