Skip to main content

Ова е пресвртница – или ќе нѐ биде или да ставиме катанец на државата

Трагедијата во Кочани треба да биде пресвртница за тоа како ќе фуннционира државата. Ќе нѐ биде или не. Или ќе покажеме дека владее правото и правната држава или да ставиме катанец на државата и да си признаеме дека не сме способни.

Она што радува е дека владата покажува дека е способна да се справи со овој најтежок предизвик од независноста до денеска и да ја врати довербата во институциите.

Само досега се уапсени над двесеттина лица, а осомничени се и неколку крупни риби меѓу кои и еден министер. Тоа е добро, реакцијата мора да биде експресна.

Премиерот Мицкоски со право вели дека ова не е несреќен случај туку масовно убиство кое некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција.

Овој клуб добил лиценца само два пати. Прашѓањет е како во 2021 и во 2023 година како му потпишале. Во 2024 година видовме како му потпишале. И тука нема политика, ќе одговарате сите. Ако мислат дека ќе се обидат да играат на етничка карта, нема да успее. Има за уши да ги вадиме од дома“, рече Мицкоски.

Поврзани вести