Skip to main content

СЕДУМ ДЕНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија тагува по згаснатите млади животи во најголемата трагедија што ѝ се случила на земјава. Невини души прерано ги загубија своите животи поради корупција, трулост на системот, парољубие… Пожарот во Кочани зави во црно многу семејства, многу пријатели на загинатите, ја зави Македонија во црно!

Република изразува искрено сочувство до семејствата, роднините и пријателите на починатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани! 16 март ќе остане запаметен како најтешкиот ден во историјата на Македонија, ден кога сите пуштивме солза, ден кога сите осетивме голема душевна болка! Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите!

Бараме и очекуваме целосна истрага и одговорност за оние кои се виновни за згаснувањето на младите животи! „Години на молк секогаш водат до минута молк“. Ќе бидеме гласни за да нема повеќе минута молк! Ќе бидеме гласни за мир на душите на сите оние кои не напуштија во големата трагедија! Ќе инсистираме на одговорност, ќе инсистираме овој трул систем конечно да почне да се менува!

Почивајте во мир ангели!

Поврзани вести