
Меѓу многуте ожалостените родители во Кочани е и татко кој го загуби синот единец и кој во солзи зборуваше за она што се случило синоќа. Вели дека неговиот син единец имал само 21 година и допрва требало да живее, а не вака да го изгуби и да нема за што да живее. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени.
„Имав едно дете, и тоа ми умре… 150 души во една дискотека, 500 души во една дискотека… 21 година мојот син имаше, само што почна да живее. За што ќе ми е живот, не ми треба живот повеќе… Едно дете имав, не ми треба живот луѓе“, изјави таткото на починато момче во трагедијата во Кочани.