Skip to main content

Универзитетското студентско собрание при УКИМ повикува утре во 12 часот на оддавање почит на жртвите

Универзитетското студентско собрание при УКИМ повикува утре во 12 часот на оддавање почит на жртвите.

„Драги колеги, професори и граѓани, придружете ни се утре од 12:00ч на платото на Општествен кампус за заедничко оддавање почит и изразување поддршка за жртвите на трагичниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите и посакуваме брзо закрепнување на повредените.

Дополнително ќе известуваме за оддавање почит во текот на наредните денови“, се вели во нивната објава. 

Поврзани вести