Skip to main content

Апел на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет до медиумите да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање

Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање и од генерализирање на настанот на колективно ниво, бидејќи на тој начин се интензивира траумата на сите граѓани во државата, а најмногу на блиските на настраданите. Во овие моменти, најважно е медиумите строго да се придржуваат кон Етичкиот кодекс на новинарите за начините на известување во несреќи, како и да придонесат во давање поддршка на настраданите, на нивните блиски и на сите граѓани.

Поврзани вести