Skip to main content

Дискотеката работела со фалсификувана лиценца издадена во време на Крешник Бектеши од ДУИ !?

Дискотеката „Пулс“ во која се случи пожарот работела со фалсификувана дозвола издадена во време кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ. Документот кој го објави „ТВ21“ покажува лицената е за кабаре клуб на адреса Ул. Крижевска бр 2, во Кочани, издадена на 13.3 2023 година.

Ово објект една година работел на „црно“ и се поставува прашањето што работеле институциите и како воопшто се дозволило ваков објект да прима посетители, во случајов млади.

Дискотеката била во приватна сопственост, и истата менувала сопственици во текот на изминатите години, пишува „ТВ 21“.  Сегашниот сопственик цело време бил во сопственичката структура на ноќниот клуб

Поврзани вести