
Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од „ДНК“ кој беше во исчезнатите по пожарот во Кочани кој избувна во дискотека „Пулс“ е пронајден.
-Пејачот не е со тешки изгореници и е во подобра здравствена состојба од Владимир Блажев-Панчо кој има изгореници на лицето и рацете – информираа од групата.
Групата „ДНК“ имаше настап во дискотеката во Кочани кога избувна пожарот во кој настрадаа голем број млади кои присуствуваа таму.