
Вратите на Клиниката „Жан Митрев“ се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност.
Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во нашата клиника. На располагање ги ставаме и амбулантни возила на Клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош, соопштија од Клиниката „Жан Митрев“.
Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените и нивните семејства. Во вакви моменти, кога зборовите се немоќни да ја опишат болката што ја чувствуваме, најважно е да бидеме заедно. Трагедиите нè потсетуваат дека човечноста, солидарноста и поддршката се најсилните нешта што ги имаме, додаваат од Клиниката.