Skip to main content

По страшната трагедија во Кочани: ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции!

По страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани, во која има десетици починати лица, ФФМ одлучи да ги одложи сите денешни натпревари.

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.

Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.

Поврзани вести