Skip to main content

Ужас во Берово: Гробар фатен како откопува коски и ги фрла на депонија

Вчера во 17.15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово.

Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад.

По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација. Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во с.Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести