Skip to main content

Брат си ја држел сестрата заклучена дома

Вчеравечер во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.М.(21) од Гостивар, кој бил пријавен од неговата 25-годишна сестра дека, тој, во договор со нивниот татко, кој се наоѓал со работа во странство, подолг период противправно ја држел затворена и не ѝ дозволувал да излегува од семејниот дом.

Како што соопшти СВР Тетово, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани вести