Skip to main content

Секој збор заслужува да биде прочитан: „Антолог“ донираше книги на Брајово писмо во НУБ „Св. Климент Охридски“ и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Со голема гордост ја продолжуваме нашата мисија за инклузивност во литературата – овој пат со донација на книгите „Невидлив“ и „Чекорите до црешовото дрво“ на Брајово писмо во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, соопштија од „Антолог“.

Вистинската вредност на книгите е во нивната достапност – во можноста секој читател, без разлика на предизвиците, да може да ја доживее магијата на раскажаните приказни. Со оваа донација правиме уште еден чекор кон свет во кој никој нема да биде исклучен од светот на литературата.

Продолжуваме да веруваме дека читањето не треба да има бариери. Само отворени книги можат да отворат светови!

Овие активности, дел од проектот „Создадено во Европа“, ја истакнуваат мисијата на „Антолог“ – да ја направи книжевноста достапна за сите и да поттикне рамноправен пристап до културните содржини.

Со огромна радост ја збогативме колекцијата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со наслов на Брајово писмо – „Невидлив“ од Елој Морено.

Нашата мисија е јасна: книгите треба да бидат достапни за сите! Оваа донација е чекор поблизу до свет во кој секој читател, без разлика на предизвиците, може да ја почувствува моќта на раскажаните приказни.
Продолжуваме со заложбите за инклузивност во литературата – затоа што секоја страница заслужува да биде допрена од секого!
Овие активности, дел од проектот „Создадено во Европа“, ја истакнуваат мисијата на „Антолог“ – да ја направи книжевноста достапна за сите и да поттикне рамноправен пристап до културните содржини.

Поврзани вести