Skip to main content

Тенорот со светска слава Пласидо Доминго на средба со премиерот Мицкоски и министерот Љутков

Пласидо Доминго, шпанскиот тенор со светска слава синоќа имаше прием во Владата каде што беше пречекан од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Доминго во Скопје ќе настапи вечерва во 21 часот во салата „Борис Трајковски“ заедно со оркестарот на Националната опера и балет и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија.

Во Владата, заедно со претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски му посакавме топло добредојде на шпанскиот тенор со светска слава Пласидо Доминго. Во исклучително инспиративна атмосфера, маестро Доминго ни кажа дека ова е прва посета на Македонија и навистина е возбуден што конечно ќе ја доживее магијата на нашата прекрасна земја. Како уметник сам по себе и како член на Тројцата тенори, (Павароти, Доминго и Карерас најпознатото трио тенори во светот), тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вели министерот Љутков.

Поврзани вести