Skip to main content

Падна лихвар од Куманово

Вчеравчер во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за  подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти денеска МВР.

Поврзани вести