
На деншен ден резултирала трагичната судбина на македонските Евреи, кои во 1943 година беа насилно депортирани и убиени во логорот Треблинка.
Тогашната бугарската влада предводена од Богдан Филов го усвоила Законот за заштита на нацијата, кој вовел системски дискриминаторски мерки против Евреите. Со овој закон, лицата од еврејско потекло биле исклучени од државната служба, им било ограничено правото на образование, им бил воведен посебен данок и биле подложени на административни ограничувања во секојдневниот живот. Брачните или соживотните врски меѓу Бугари и Евреи биле забранети.

За спроведување на овој закон била формирана Комисијата за еврејски прашања, на чие чело бил Александар Белев. Тој бил главниот координатор на антисемитските политики на бугарската влада, а неговите активности биле во директна соработка со Гестапо и Адолф Ајхман, еден од главните организатори на холокаустот.
По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, овој закон бил спроведен и врз македонските Евреи, кои во наредните две години биле жртви на системска репресија што кулминирала со нивната депортација.