Skip to main content

За прв пат во Скопје денеска во Филхармонија доаѓа „најубавиот човек на светот“, Џеј-Џеј Јохансон

Човекот чија песна „Вертиго“ ја избра Ралф Лорен за модно шоу, а Баленсијага ја зема „Девојката со сонце во нејзините очи“ за саундтрак на своја дигитална кампања

За прв пат во Скопје на 12 март, во Филхармонија доаѓа „најубавиот човек на светот“, Џеј-Џеј Јохансон.

Избран за „најубавиот човек на светот“, шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон, почнува да компонира како тинејџер, но дури во август 1996 година го објавува деби албумот „Whiskey“. Албум снимен во студиото Break My Heart во Стокхолмскиот Архипелаг. Брзиот успех на албумот, окарактеризиран со неговиот џез вокал над трип-хоп ритам, поддржан од филм ноар аранжмани, го одведе Џеј-Џеј на неговата прва од многуте светски турнеи.

Речиси 30 години подоцна, по андерграунд хитовите „So Tell the Girl that I Am Back in Town“, „Believe In Us“, „On the Radio“ и „Heard Somebody Whistle“, соработувајќи со Cocteau Twins и The Knife, Џеј-Џеј е сè уште активен како и секогаш, а штотуку го издаде својот 14-ти албум „FETISH“ и започна нова турнеја низ светот.

Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, кои иако се разликуваат сепак имаат НЗС во неговиот џез вокал и „филм ноар“ аранжмани. Неговата популарност е голема и во модните кругови, откако песната „Вертиго“ е избрана од Ралф Лорен за модно шоу пролетта 2022 во Њујорк. Истата година Баленсијага ја зема „Девојката со сонце во нејзините очи“, пијано тема, за саундтрак на своја дигитална кампања.

Јохансон е под големо влијание на Чет Бејкер, за кого вели дека е магичен. И бојата на неговиот глас е слична на Чет, а како пресвртница во неговиот стил (премин од џез аранжмани кон хип-хоп) ги наведува раните албуми на Портисхед. Последниот сингл „Finally“, е балада која ја вклучува Третата симфонија на Брамс.

Швеѓанецот Џеј Џеј Јохансон имал тешко детство. Имале само една четка за заби за целото семејство и не можеле да си дозволат чевли за сите. Го напуштил домот кога имал 15 години, и во 1990-тите живеел како бездомник и покрај тоа што неговиот прв албум поминал релативно добро. Сепак, кога продаваш албуми во друга земја (во случајов Франција) често минува долго време додека да ги видиш парите. Се случувало да спие по подруми, без постелнина и ВЦ, а крадел и јаболка за да си го наполни стомакот. 

Кога го објавил вториот албум, Тату, во 1998, тој стигнал до 16-тото место на француските топ листи, по што сè се променило. На следниот албум, „Отров“ соработувал со основачот и гитарист на шкотскиот рок бенд Кокто Твинс, а почнал да снима и филмска музика. 

До сега Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, кои иако се разликуваат сепак имаат НЗС во неговиот џез вокал и „филм ноар“ аранжмани. Неговата популарност е голема и во модните кругови, откако песната „Вертиго“ е избрана од Ралф Лорен за модно шоу пролетта 2022 во Њујорк. Истата година Баленсијага ја зема „Девојката со сонце во нејзините очи“, пијано тема, за саундтрак на своја дигитална кампања. 

Joхансон е под големо влијание на Чет Бејкер, за кого вели дека е магичен. И бојата на неговиот глас е слична на Чет, а како пресвртница во неговиот стил (премин од џез аранжмани кон хип хоп) ги наведува раните албуми на Портисхед. 

Поврзани вести