Skip to main content

Милошоски: СДСМ да се огради од изјавите на Пендаровски

Во Дневникот на ТВ-Сител потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски вчера побара од СДСМ да се огради од изјавите на Пендаровски, кој новоизбраниот претседател на САД го нарече трансакционен претседател.

Тој истакна дека ниту еден поранешен македонски претседател досега не се дрзнал јавно да навредува или дисквалификува демократски избран претседател.

-Досега во македонската политика, од првиот претседател на државата, до последниот сега до Гордана Сиљановска Давкова, ниту еден актуелен, ниту еден поранешен претседател на Македонија не се дрзнал да дисквалификува или да навредува демократски избран претседател на САД, кои ние сите ги дефинираме како наш стратешки партнер. И ако тоа до пред неколку дена го правел новинарот Сашо Ордановски, да кажеме дека е негово право на мислење, анализа, фрустрација, што и да е, но кога тоа ќе го направи поранешниот претседател, предложен од СДСМ, Стево Пендаровски, тогаш тоа навистина сметам дека е нешто што оди надвор од рамките на ова стратешко сојузништво помеѓу Македонија и Америка и јас би апелирал, не до поранешниот претседател Пендаровски, би апелирал до раководството на СДСМ да се огради од овој став бидејќи не е работа на македонските актуелни или поранешни претседатели да дисквалификуваат еден демократски избран претседател во Америка, рече Милошоски.

Поврзани вести