
38-годишна жителка од Гостивар вчера пријавила дека во периодот од 03.03 до 06.03.2025 година, нејзиниот вонбрачен сопруг, С.А. (37), полово вознемирувал и допирал нивната малолетна ќерка, која не наполнила 15 години.
При вербалната расправија што ја имала со С.А., тој ја нападнал и физички. Жената ја пријавила ситуацијата во Полициската станица Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Случајот е во фаза на истрага и ќе следат дополнителни чекори од наша страна“, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат сите законски мерки за заштита на жртвата.