Skip to main content

Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство и не би се изненадил доколку се дојде до раст од 4% до 4,5%

Во месец јануари имаме раст од 1,4% раст на индустриското производство, очекувам раст на истот во првиот квартал и не би се изненадил доколку дојдеме и до раст од 4% до 4,5%, истакна денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Што се однесува до индикаторите, можам да го изразам моето задоволство бидејќи после 6 месеци ние успеавме да дојдеме до состојба нула. Кога велам до состојба нула, нашата стратегија беше во три чекора: прво, слободното паѓање кое што беше јасно, граѓаните тоа го чувствуваа да го сопреме, а потоа да дојдеме до состојба нула, тоа беше втората фаза, а веќе од состојба на нула да почнеме да се креваме нагоре – рече Мицкоски.

После само шест месеци ние сме во позиција да кажеме дека индустриското производство во месец јануари порасна за 1,4%, вели Мицкоски.

Некои велеа дека за да дојдеме до состојба нула можеби ќе треба година до година и пол, јас навистина сум задоволен што еве ио после шест месеци ние доаѓаме до позиција да кажеме дека конечно индустриското производство порасна овој месец јануари за 1,4%, што е добро и тоа со фокус на преработувачката индустрија. Се уште тука имаме карј рударската и кај автомобилската индустрија опаѓање поради опаѓање на нарачките во Германија, поради кризата во автомобилскјата индустрија и во делот на снабдувањето со електрична енергија и климатизација исто, мислам дека во следните месеци и тука ќе се подобриме бидејќи состојбата во ЕСМ веќе е консолидирана. Но и сето останато и интермедијалните производи, во се има раст, така што овие 1,4% раст на индустриското производство охрабруваат, охрабрува опаѓањето на невработеноста и растот на вработеноста, тоа значи дека бројот на вработени се зголемува, што значи дека тие што додават вредност и трудо интензивни се зголемува, но морам исто така да напоменам дека за за 5% е зголемен извозот во јануари месец, нешто што не е забележано од јуни 2023та година. Извозот е за 5% зголемен. Очекувам во првиот квартал трендот на растот на БДП да продолжи и не би се изненадил ако во овој прв квартал дојдеме до 4’% или 4,5% па и повеќе – рече премиерот.

Мицкоски понатаму вели дека не треба опуштање и дека треба да се следат и анализират бројките

Можам со задоволство да кажам дека таа наша цел да дојдеме до состојба нула Влада, веќе дојдовме, треба да следиме и да продолжиме, да не се опуштаме и месеците кои што следат да ги анализираме бројките и да продолжиме да работиме за доброто на граѓаните – заклучи премиерот Мицкоски.

Поврзани вести