Skip to main content

Maшинеријата на Баерн мелеше во ЛШ

Фудбалерите на Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул и Интер забележаа вечерва победи во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони (ЛШ).

Францускиот првак ПСЖ доминираше на теренот во Париз, но не реализираше голем број идеални шанси за гол, а казната на спротивната страна дојде во самиот финиш кога Ливерпул со голот на Харви Елиот во 87 минута обезбеди предност од 1-0 пред реваншот.

Во германската пресметка, минхенски Баерн на домашен терен го совлада Баер Леверкузен со 3-0 со головите на Хари Кејн (9 минута, 75) и Џамал Мусијала (54). Баер Леверкузен од 64 минута играше со фудбалер помалку поради двата жолти картони кои му беа покажани на Норди Мукиеле.

Барселона на гостувањето во Лисабон беше на теренот со фудбалер помалку од 22 минута поради исклучувањето на Пау Кубарси, но, сепак, на крајот триумфираше минимално со 1-0 со погодокот на Рафиња во 61 минута.

Интер извојува рутинска победа на гостувањето во Ротердам, совладувајќи го Феенорд со 2-0 со головите на Маркус Турам (38) и Лаутаро Мартинез (50). Италијанскиот тим можеше да слави уште поубедливо, но Зиелински во 65 минута не реализираше пенал.

Реванш натпреварите се на програмата идниот вторник

Поврзани вести